Пукотница во Нови Сад: Ранет е маж, напаѓачот е уапсен

Српска полиција/ Фото: МИА

Триесетгодишен маж од Нови Сад е ранет денеска околу 10 часот откако во него биле искпукани неколку куршуми, по што веднаш по пукањето напаѓачот бил уапсен.

Според неофицијални извори, напаѓачот и ранетиот на полицијата веќе им биле познати, познавајќи ги по кривични дела извршени во минатото.

Како што пренесува 021.рс, С.Ј. (30) околу 9 часот со тешки телесни повреди во делот на градниот кош, е примен во болницата во Нови Сад.

Од болницата пренесуваат дека ранетиот е во стабилна состојба. Поптаролот на одделот за итна помош на болницата, за 021.рс изјавил дека нивната екипа интервенирала по повикот на граѓаните кои ги слушнале пукотниците, но кога стигнале на местото на случајот, не сретнале никој, бидејќи повредениот веќе бил со сопственото возило пренесен на Ургентниот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот