Пукотница во Колорадо: Вооружен напаѓач уби едно лице и полицаец

Американска полиција
Фото: ЕПА

Напаѓач со огнено оружје убил полицаец и уште едно лице во трговски центар во предградието на Денвер, по што полицијата го усмртила, соопштуваат властите на америчката држава Колорадо.

Полицијата интервенирала по повик за сомнителен инцидент во близина на библиотеката во местото Арвада, а по 15 минути стигнал повик дека станува збор за пукотници и повреден полицаец, пренесува АП.

Лицето кон кого било пукано е префрлено во болница, каде што загина, додека напаѓачот при престрелката со полицајците бил погоден и убиен.

Властите сеуште немаат дадено повеќе детали во врска со инцидентот, како и за идентитетите на загинатите, но соопштија дека никој веќе не е вмешан, иако тие претходно наведоа дека можно е да има двајца осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот