Пукотница во Чикаго: Четири лица загинаа, а четворица други се повредени

Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

Најмалку четири лица загинаа, а четворица други се повредени утринава во пукање во населбата Енглевуд, во Чикаго, соопшти полицијата, повикувајќи се на прелиминарните податоци од увидот.

-Полициските службеници околу 5.40 часот добиле пријава за повеќе застрелани лица, изјави портпаролот на полицијата.

Најмалку четири лица загинаа, а четворица се хоспитализирани. Двајца од нив се во критична состојба, а за преостанатите двајца не се знае во каква состојба се, наведува полицијата.

Еден човек, на непозната возраст, бил застрелан во задниот дел од главата и хоспитализиран во болница. Уште еден маж, на возраст од 25 годинби, исто така, бил застрелан во задниот дел од главата и сместен во истата болница. Една жена е во критична состојба и е хоспитализирана во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Со прострелна рана во грбот во болницата Сент Бернард дошол и 23-годишен маж, од каде во критична состојба бил префрлен во медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Полицијата соопшти дека во еден дом каде биле собрани неколку лица, до пукање дошло кога ескалирала расправија меѓу нив.

„Повеќе лица имаат прострелни рани”, се наведува во соопштението на полицијата.

Претходно, портпаролката на полицијата, Сали Баун, изјави дека не може да ги потврди извештаите дека е убиено повеќе од едно лице.

„Истрагата е во тек, така што ова е се што имаме во моментот”, напиша таа во електронска порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот