ВИДЕО: Пукотници на плажа кај Валона, има повредени

полиција валона
Валона, Албанјија / МИА

Денеска напладне инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, во блиизна на албанскиот приморски град Валона.  Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.

Пристигнуваат и возила за брза помош. Се врши увид, засега не е познат мотивот

Турист од Норвешка за албански медиум изјави дека туристите почнале да трчаат веднаш штом слушнале истрели додека биле на плажата.

„Слушнавме истрели и сите трчаа, можеби два-три истрели, ништо не видовме, не знам дали некој е застрелан, јас сум од Норвешка“, рекол туристот.

Друг човек пак, сведочи дека на плажата слушнал повеќе од 5-6 истрели, кои ги исплашиле присутните, по што почнале да бегаат.

Локалниот медиум Vlora News објави и снимки од локацијата на инцидентот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот