„Пукна“ сеир: Денес изјавата на тренерот на Ајакс пред натпреварот со Наполи звучи смешно

Прес-конференција пред натпреварот Ајакс-Наполи/3 октомври 2022/фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Најубедливата победа во вчерашните натпревари од Лигата на шампионите ја оствари Наполи кој го понижи Ајакс во Амстердам со триумфот од 1:6.

За Ајакс ова беше најубедливиот пораз кој холандскиот тим го претрпел на домашен терен во европските натпреварувања. Денес по ваквиот резултат се коментира и изјавата на тренерот на холандскиот гигант, Алфред Шрудер.

Дел од навивачите беа скептични пред натпреварот против Наполи, меѓутоа Шрудер веруваше во успех па на прес-конференцијата пред дуелот даде прилично самоуверена изјава.

„Нека дојде натпреварот утре, само гледајте го. Ние ќе направиме нешто прекрасно“, изјави Шрудер.

 

На крајот место нешто „прекрасно“ Ајакс во Лигата на шампионите доживеа дебакл каков што не му се случил претходно, па затоа и социјалните мрежи се преполни со шеги на Шрудер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот