„Пукна“ љубовта: Суарез ќе ја напушти Барселона! (ФОТО)

EPA-EFE/PETER POWELL

Лошите резултати на Барселона на почетокот од сезоната предизвикаа незадоволство кај навивачите на шпанскиот шампион, а на „мета“ на симпатизерите на Каталонците најчесто се наоѓа Луис Суарез.

Уругваецот во претходните пет натпревар постигна „само“ два голови, но навивачите на Барса во последниот дуел со Виљареал го испратија со свирежи од теренот.

Таквиот потег длабоко го погоди Суарез, кој после натпреварот изјави дека размислува за заминување од „Камп Ноу“.

Луис Суарез не крие дека би сакал да се врати во поранешниот клуб Ливерпул, со оглед на тоа што во актуелниот шампион на Европа имаше одлични партии поради кои се пресели во Барселона.

Менаџерот на „Редси“, Јирген Клоп нема ништо против повторно да го има уругвајскиот интернационалец во своите редови. Но, од друга страна не е сигурна гаранцијата дека ќе добие редовно место во нападот покрај Садио Мане, Роберто Фирмино и Мохамед Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот