Пукање во Чаир, ранет е 40-годишен човек

Фото: МИА

Рано утрово, 40-годише жител на Скопје бил донесен во приватна болница со рана од огнено оружје, по што било утврдено дека некој стрелал во него од пиштол во населбата Чаир, соопшти полицијата.

„На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов” во населба Чаир, едно лице од пиштол пукало кон В.А.. На местото биле пронајдени две чаури“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот