Пукање во Босна, има загинати и ранети

Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Еден човек загина, а тројца се ранети, од кои еден потешко, во престрелка што се случила синоќа во ресторан во босанското место Трновица во близина на Зворник, во Република Српска.

Полицијата трага по убиецот, соопшти СВР Зворник. Пукањето било пријавено околу 23 часот, откако ранетите се пријавиле во Здравствениот дом во Зворник, јавува Српскаинфо.

– Во полициската станица Козлук синоќа околу 23.05 часот било пријавено дека четири машки лица се пријавиле во Јавната здравствена установа Зворник со повреди со здобиени од непознато лице во ресторан во Трновица, кај Зворник. Едно лице е убиено, а друго тешко повредено од повреди здобиени со огнено оружје – соопштија од Полициската управа Зворник.

Полицајци под надзор на Окружното јавно обвинителство Бијељина ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност со цел расчистување на убиството и пујањето и пронаоѓање на сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот