Пукање пред училиште во Атланта: Загина тинејџерка, тешко повреден ученик

САД полиција/ Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Тинејџерка е убиена, а уште еден тинејџер е ранет во пукање пред средно училиште во Атланта утринава. Засега никој не е уапсен, но полицијата соопшти дека во инцидентот учествувале неколку средношколци.

Полицајците добиле пријава за пукање околу 02:27 часот. Две жртви, 16-годишно девојче и 16-годишно момче, биле пронајдени на местото на настанот и пренесени во локалните болници. Девојчето било мртво на самото место, а младиот човек е во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Жртвите не се идентификувани. Не е јасно дали тинејџерите оделе во средното училиште до пукањето. На прес-конференција попладнево, градоначалникот Андре Дикенс рече дека починатата жртва била „полна со живот“.

„Моето срце е со двете семејства“, рече тој. „Оваа млада дама беше полна со живот и всушност се очекуваше да работи за градот Атланта почнувајќи од вторник во нашата летна програма за вработување млади“.

„Ги прашувам родителите низ целата област, ги молам младите луѓе од целата област да размислат за нивната безбедност, да се уверат дека родителите знаат каде се. А родители, знаете ли каде се вашите деца“, рече Дикенс. „Сакаме да бидете безбедни и да донесувате информирани, квалитетни одлуки за тоа каде одите.

Се нуди награда за информација за сторителите

Надзорникот на јавните училишта во Атланта, Лиза Херинг, го нарече пукањето, кое се случи само неколку дена по завршувањето на учебната година, „трагично“. „Кризниот тим ќе биде во кампусот следниот вторник за да им помогне на оние на кои можеби ќе им треба дополнителна поддршка“, рече Херинг. „Изразуваме сочувство до семејствата кои беа погодени.

Полицијата во Атланта продолжува да го истражува пукањето и нуди награда од 10.000 долари за информации за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот