Пукање на аеродромот во Атланта, повредени три лица

Полиција на аеродромот Атланта
Полиција на аердромот во Атланта/ Фото EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Патник кој синоќа чекал да го помине контролниот пункт на главната безбедносна точка на аеродромот во Атланта посегнал по огнено оружје од торбата, а потоа пукал, што предизвикало хаос меѓу патниците и привремен прекин на летовите.

Мажот, кој подоцна бил идентификуван како осуден криминалец, 42-годишниот Кени Велс, побегнал со пиштол од контролен пункт, а потоа и од аеродромот, соопшти Управата за безбедност на воздушниот сообраќај, пренесува АП.

Полицијата подоцна соопшти дека издала налог за апсење на сторителот на инцидентот, а командантот на аеродромската полиција мајор Реџиналд Мурман рече дека Велс се бара под обвинение за чин на носење и криење оружје на комерцијален аеродром, поседување огнено оружје од страна на осуден криминалец, употреба на огнено оружје и несовесно однесување.

Властите соопштија дека три лица се здобиле со полесни повреди, вклучително и едно кое паднало во фоајето на аеродромот далеку од контролниот пункт, а две се пожалиле на паничен напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот