ПУКАЊЕ ВО СИНАГОГА ВО ГЕРМАНИЈА: Двајца мртви, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Најмалку две лица загинале во пукање во синагога во германскиот град Хале, пренесуваат германските медиуми.

Како што тамошните светските медиуми, непознато лице неколкупати пукало во Синагогата и потоа побегнало.

Според последните информации, се верува дека напаѓачот се упатил кон Лајпциг.

Се верува дека тој испукал неколку куршуми од автоматска пушка, при што погодил и една жена и повредил неколку лица.

Според извештаите, во Синагогата била фрлена и граната. Германската полиција на Твитер потврдила дека напаѓачот е во бегство.

„Дојде до инцидент во Хале. Според прелиминарните информации, има мртви. Спроведуваме итни истраги. Сторителот е во бегство. Останете дома или побарајте некое друго безбедно место“, стои во соопштението на полицијата на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот