ПУКАЊЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Тројца загинати и девет повредени на забава за Ноќта на вештерките

Фото: Принтскрин/CBSLA

Три лица загинаа, а девет се повредени синоќа во масовно пукање во куќа во местото Лонг Бич во Лос Анџелес.

Противпожарната единица на Лонг Бич соопшти дека нивните служни се повикани да интервенираат во 22.44 по локално време, а нивниот портпарол Џејк Хефлин рече дека пожарникарите затекнале „вистински хаос“, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Најдени се три загинати мажи, а девет луѓе се повредени. Засега, нема подетални информации за нивната здравствена состојба.

Не е јасно дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, ниту пак дали некој осомничен е уапсен за настаните.

Некои сведоци од местото на настанот велат дека во таа куќа имало забава за Ноќ на вештерките, кога се слушнале истрели од огнено оружје.

https://www.youtube.com/watch?v=Oxp_VlK6xdc

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот