ПУКАЊЕ ВО КАФУЛЕ ВО ЈУЖНА КАРОЛИНА: Двајца убиени, осуммина повредени

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

При пукање во кафуле во американската држава Јужна Каролина, две лица загинале, додека осуммина се здобиле со телесни повреди, јавуваат американските медиуми.

Како што пренесува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на полициски извори, пукањето се случило во предградието на градот Ланкастер.

Полицијата засега не изнесе никакви детали за мотивите за нападот, а не е познато ниту дали некој е приведен.

Не е позата ниту тежината на повредите на осумте лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот