ПУКАЊЕ во близина на Белата куќа: Едно лице загина, повеќе повредени (ВИДЕО)

полиција САД/ Фото: МИА

Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа.

Се уште не е познато дали осомничениот за нападот е уапсен, а полициски извор за локалните медиуми изјави дека „не сметаат оти се работи за активен стрелец”.

Тој додаде дека повредените не се во животна опасност.

Телевизијата WJLA на Твитер објави снимки од лице место и информира дека реакцијата на полицијата на раскрсницата на 14 улица и Колумбија роуд била „масивна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот