Пукање пред угостителски објект во Бутел, едно лице рането

Куршуми /Фото: Профимедиа

Физичка пресметка се случила вчера пред угостителски објект во Бутел, а пријавителот на настанот бил ранет со оружје во пределот на ногата, информира МВР.

-На 22.07.2020 во 14.30 во СВР Скопје, А.Р.(30) од Скопје пријавил дека на 10.07.2020 околу 15.00 часот, додека со Е.Н. и Р.Н. седеле пред угостителски објект во населба Бутел, во нивна близина неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што се слушнал истрел од огнено оружје, кој го погодил пријавителот во ногата- стои во дневниот билтен на МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот