Пукање пред пекара од паркирано возило во Прилеп

УБИСТВО ПИШТОЛ
Пиштол / фото: архива

Полициски службеници излегле на местото и пронашле и подигнале една чаура од куршум од гасен пиштол.

Во СВР Битола, на 30.05.2020 околу 20.30 часот, 29-годишна жителка на Прилеп пријавила дека слушнала пукање пред пекара на ул.„Јоска Јорданоски“, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и пронашле и подигнале една чаура од куршум од гасен пиштол.

Во разговор со полициските службеници пријавителката истакнала дека, додека поминувала тука со членови од семејството, забележала паркирано возило спроти пекарата, а кога поминале слушнале два истрели од возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот