ПУКАЊЕ ОД ЦРНА „ХОНДА“: Студенти заклучени седат во кампус на Универзитет (ВИДЕО)

Повторно пукање во американски универзитетски кампус, овој пат во Мисисипи.

Официјални претставници на Универзитетот Џексон во американската сојузна држава Мисисипи потврдија дека во нивниот кампус денеска дошло до пукање и дека напаѓачот веројатно се уште се наоѓа во негова близина.

Студентите и вработените се предупреднеи дека кампусот во моментов е заклучен, а на сите им е упатен совет да се скријат во своите соби и канцеларии.

-Сомнителен напаѓач со огнено оружје е во црна „хонда”, Целата заедница во кампусот треба веднаш да се скрие. Кампусот во моментов е заклучен. Ќе ве информираме кога ситуацијата ќе биде решена- наведува универзитетот на својот налог на Твитер.

Полицијата во Џексон потврди дека истражува пукање во кампусот, како и дека едно лице е рането.

-Го истражуваме пукањето во блокот околу улицата Линч, што се случи малку по 11 часот. Според првичните информации, едно машко лице е рането. Неговата состојба засега е непозната. Во моментов нема достапни информации за мотивите за пукањето или за осомничениот сторител, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот