ПУКАЊЕ на шведска плажа – Напаѓачите без причина пукале, повредени се жена и бебе

Фото: Профимедиа

Неколку маскирани напаѓачи отвориле оган на маж и жена кои носеле дете во близина на популарната плажа Риберсборг во Малме, Шведска, јавуваат локалните медиуми.

Се наведува дека жената се здобила со тешки повреди, а полицијата трага по сторителите. Отприлика во 10 часот по локално време, банда од неколку маскирани напаѓачи испалила меѓу осум и десет куршуми од повеќе оружја пред да побегнат од лице место низ стамбена зграда.

Жената наводно носела дете кога куршумот ја погодил во глава. Човекот со кој била тогаш, наводно паднал во шок и викал „на детето му е потребна мајката“.

Специјализирани кучиња веќе се на трагата на сторителите, рекле од полиција. Жртвите се пренесени во најблиската болница на итно лекување.

„Ова е едно од најсериозните злосторства кои постојат, така да, ги распоредуваме сите наши ресурси за да го истражиме случајот, а исто така испративме службеници да зборат со луѓето во близина на местото на напад“, рекла Кејл Персон од полицијата на Малме.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот