Пукање на протестите во САД, две лица се убиени, нов бран насилства по случајот Блејк (ВИДЕО)

Две лица убиени, а едно е повредено за време на немирите во градот Кеноша во американската држава Висконсин, кои траат веќе трета ноќ откако полицијата го рани афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Протести и нереди во Висконсин откако полицијата брутално застрела црнец (ВИДЕО)

Во тек е истрага, а според соопштението на локалната полиција, сите три лица биле погодени од огнено оружје, додека други детали, вклучувајќи ги идентитетите на загинатите и другите учесници во инцидентот, сè уште не се познати.

Демонстрантите се собираат на улиците на градот во изминатите три дена во знак на протест поради ранувањето на Блејк, игнорирајќи го полицискиот час. Протестите повремено се насилни.

Според локалните медиуми, се претпоставува дека престрелката се случила во судир меѓу група демонстранти и вооружени лица што обезбедувале бензинска пумпа.

Гори во Кеноша, демонстранти на улиците откако полицијата застрела црнец (ВИДЕО+ФОТО)

Инаку, полицијата се уште не објасни зошто отворила оган на 29-годишниот Џејкоб Блек во саботата. Канцеларијата за правосудство на сојузната држава Висконсин покрена истрага, но не се објавени детали.

Прочитајте и...  Русија преку Бугарија го дестабилизира НАТО
Демонстрантите се обидоа да ја урнат оградата и да влезат во судот во Кеноша / 25 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Сведоци на ранувањето на Џејкоб Блејк се неговите тројца синови, на возраст од три, пет и осум години. Блејк се обидел да прекине кавга меѓу двете жени, кога полицаецот во него испукал четири до седум куршуми, иако немало знаци дека е вооружен, соопшти адвокатот Бен Круп кој го застапува семејството на Џејкоб Блејк во разговор за ЕјБиСи.

Џејкоб Блејк е новиот Џорџ Флојд поради кој се кренаа нови демонстрации во САД / 24 август 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Пукањето го сними минувач, а снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи, покренувајќи го бесот на граѓаните поради новиот во низата случаи во кои полицијата се обвинува за расистичко мотивирано насиство кон Афроамериканците.

Нови нереди во САД по ранувањето на црнец од страна на полицијата (ВИДЕО+ФОТО)

Поврзани вести

Во Словенија раст на употреба на антидепресиви во првата половина од 2020 година

Илинка Иљоска

Црна Гора го продолжува полицискиот час: Наместо од 21 часот, тој ќе почнува два часа порано

Слободен печат

Саркози се појави на суд, рочиштето одложено за 26 ноември

И.И.

Врховниот суд на Велика Британија забрани враќање на британска државјанка која се приклучи на терористичката ИД

И.И.

Парли: Франција во 2021 година очекува одлука од Хрватска за воените авиони

И.И.

Работата од далечина не им предизвика проблеми на германските фирми

И.И.

Остави Коментар