Пукање близу Рим: Убиени три лица

Илустрација/Архива на Слободен печат

Двајца браќа на возраст од пет и десет години, како и еден маж (74), биле убиени во пукање во градот Ардеа во близина на Рим кога маж (35) пукал со пиштол.

Сите тие се жители на конзорциумот Коле Ромито во Ардеа, но не се познаваат едни со други.

Лицето кое пукало било окарактеризирано како ментално нестабилно и многу опасно, откако пукало кон децата што си играле и човекот кој таму возел велосипед. Тој се забарикадирал во куќата.

На социјалните мрежи, луѓето повикуваат граѓаните да не ги напуштаат своите станови. Целата зона е изолирана и опкружена со полициски сили кои се обидуваат да стапат во контакт со него и бараат помош од неговата мајка.

Во тек е полициска акција, која се обидува да влезе во домот на осомничениот за убиството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот