Пуџдемон ќе присуствува на сослушувањето во Сардинија

Карлес Пуџдемон/ Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Лидерот на каталонските сепаратисти, Карлес Пуџдемон изјави дека ќе биде во Сардинија на 4 октомври за да присуствува на сослушувањето по европската потерница, откако беше задржан во полициски притвор во Италија помалку од 24 часа, пренесува КОБ.

Судот во Сардинија го ослободи Пуџдемон во петокот, еден ден откако италијанската полиција го уапси врз основа на европската потерница издадена од Шпанија, додека патуваше на италијански остров за да присуствува на каталонски фолклорен фестивал во градот Алгеро.

Шпанија побара од Италија да го екстрадира Пуџдемон, кој беше шеф на каталонската влада во времето на гласањето за независност од Шпанија во 2017 година, што судовите го оценија како незаконско.

– Ќе ја продолжиме борбата. Никогаш нема да се откажеме, а јас ќе продолжам да патувам низ Европа, рече Пуџдемон на прес-конференција во Алгеро, придружуван од градоначалникот.

– Во понеделник ќе се вратам во Брисел, додаде тој.

Пуџдемон, кој е во самонаметнат егзил во Белгија, ја пофали Италија за брзото решавање на неговиот случај.

– Задоволен сум од конечниот резултат. Бидејќи нашите политички и правни аргументи се докажани, рече тој.

– На италијанското судство му беа потребни само неколку часа за да ја донесе оваа одлука, нагласи Пуџдемон.

– Ќе се вратам на рочиштето на 4 октомври и ако италијанското судство донесе одлука за моја слобода, ќе се вратам дома во Белгија”, рече тој.

ВИДЕО | Андоновиќ: Aпсењето на Пуџдемон почеток на нова политичка криза во Шпанија или крај на каталонскиот сепаратизам?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот