Публиката се вознемири, некои тргнаа на сцена да му помогнат: На познатиот српски глумец му се слоши сред претстава!

Фотографија: Facebook

Како што еден од присутните за време на овој настан изјавил, публиката се вознемирила поради состојбата на актерот, Милан Лане Гутовиќ.

„Беше страшно. Лане излезе на сцената и веќе во наредниот момент видовме дека му е лошо. Луѓето се вознемирија, а некои од гледачите се упатија кон сцената за да му помогнат. Веднаш го тргнаа од сцената, а публиката ја замолија да ја напушти салата. Сите бевме исплашени и само сакавме да дознаеме дали Лане е добро“, изјавил за српскиот Курир соговорник кој во тој момент бил во салата.

Комичарот веднаш завршил на доктор и после укажаната медицинска помош, веднаш му се подобрила ситуацијата. Тоа го потврдил неговиот менаџер Џорџе Милутиновиќ.

„Точно е. На Лане му се слоши уште на самиот почеток на претставата. Салата беше полна, но тоа се случува кога времето и притисокот се вакви. Веднаш беше однесен кај доктор и таму помина неколку часа. Се слушнавме утрово и добро е. Ќе објавиме нов термин за играње на претставата. Нема ништо полошо од тоа кога еден глумец мора да ја откаже претставата“, изјавил Милутиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот