ПУБЛИКАТА МИСЛЕЛА СЕ СОПНАЛ: Манекен почина на модна писта (ВИДЕО)

На модел кој учествуваше на ревија од модната недела во Сао Паоло одеднаш му се слоши, по што падна и почина на модната писта, пренесуваат светските медиуми.

Според информациите од бразилските медиуми, иако брзо бил пренесен во болница, лекарите не можеле да направат ништо друго освен да констатираат смрт на 26-годишниот Талес Соарес.

Како што објавија бразилските медиуми, на почетокот присутните мислеле дека Соарес се сопнал на врвките од неговите сандали, така што публиката верувала дека тоа е само дел од шоуто.

Соарес бил ангажиран како модел во модната агенција „Бејс МГТ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот