ВестиЕкономија

„Publicis“ ја презема компанијата „Epsilon“ за дигитален маркетинг за 4,4 милијарди долари

Француската рекламна компанија се оддалечува уште повеќе од се послабиот бизнис со конвенционалната реклама.

„Publicis Groupe“ се договори да ја купи дигиталната маркетинг компанија „Epsilon“ од „Alliance Data Systems“ за 4,4 милијарди долари во готово, пишува „Bloomberg“.

Со договорот, кое нејзиното најголемо купување во историјата, француската рекламна компанија се оддалечува уште повеќе од се послабиот бизнис со конвенционалната реклама.

Услугите на „Epsilon“ вклучуваат програми за лојални клиенти, е-мејл маркетинг, а нејзиниот дел „Conversant“ собира податоци за корисниците, вклучувајќи трансакции, локација и веб активност.

Нето цената на договорот по даноците ќе биде 3,95 милијарди долари, или 8,2 пати над профитот за 2018 година пред камати, даноци и амортизација, соопшти „Publicis Groupe“.

Компаниите за традиционално рекламирање, како „Publicis“, „WPP Plc“ и „Omnicom Group“ против глобалните консултантски компании и џиновските технолошки платформи, како „Facebook“, „Google“ и „Amazon.com“.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close