Пцовките го чинеа Диего Коста предвремен крај на сезоната

EPA-EFE/Alberto Estevez

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ја заврши сезоната откако заработи суспензија на дури осум натпревари. Коста на дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид вербално го нападна и го навредуваше судијата Хесус Хил Манцано. Тој е суспендиран на четири натпревари поради пцовките упатени кон Манцано, а дополнителни четири бидејќи го влечеше за рака.

Тој казната ја доби откако судијата во официјалниот записник внесе дека напаѓачот му викал „Да се се.ам на твојата е.ена мајка“ и сето тоа беше фатено дури и од ТВ камерите.

До крајот на сезоната има седум натпревари што значи дека Диего Коста уште сега ја заврши сезоната, а би го пропуштил и првото коло од следната сезона во Ла Лига доколку и понатаму биде член на Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот