„Птиците грабливки го напаѓаат кокошарникот“: Ова е сликата која Хитлер толку ја сакал и која нацистите ја украле за него

Profimedia

Драматичната слика која нацистите пред 80 години ја украле од богатото еврејско семејство за да биде додадена во личната колекција на Хитлер, вратена им е на потомците на сопствениците и изложена во музејот во американската држава Северна Каролина.

Сликата позната под името „Птиците грабливки го напаѓаат кокошарникот“ украдена е од семејството Неуман од Виена уште во 1938 година, а историчарите веруваат дека требала да заврши во музејот на Хитлер.

Wikipedia
Wikipedia

Не се знае авторот ниту времето на настанокот, но се верува дека симболички го прикажува судирот меѓу католиците и протестантите.

На сликата е прикажана сцена во која птиците грабливки ги напаѓаат кокошките и петлите во кокошарникот, а во позадина бега млад маж.

Историчарите сметаат дека автори би можеле да бидат фламанските мајстори од 17 век, Адриен ван Утрехт и Јакоб Јордаенс.

Со оглед на презирот на Хитлер кон модерната уметност, кој се манифестирал преку конфискацијата на делата од футуризмот, дадаизмот и сите останати правци од модерната уметност кои не биле во согласност со неговите естетски проинципи, што кулминирало со изложбата на Дегенерични уметности, на која делата на модернистите биле изложени на јавен потсмев, овој суров приказ на борбата на животните за превласт и преживување совршено се вклопува во нацистичките естетски, но и идеолошки принципи.

Правнуката на сопственикот, Александра Кардарели, многу години подоцна конечно влегува во трага на импозантната слика која се наоѓала во подрумот на австрискиот музеј. Успеала да ја врати и да ѝ ја покаже на својата баба како подарок за 93. роденден.

„Изгледа дека оваа слика за Адолф Хитлер ја набавил неговиот трговец со уметнички слики, а планирано е да биде ставена во неговиот музеј во Линз. Оваа слика дефинитивно се вбројува во категоријата на она што нацистите го сметале за голема уметност“, рекол кустосот Денис Велер.

Хитлер бил голем љубител на уметноста со оглед што на почетокот на 20 век во Виена дури двапати се обидувал да се запише на сликарство, но без успех. Во својата книга „Mein Kampf“ напишал дека веќе во дванаесеттата година спознал дека би можел да биде уметнички сликар што го довело во судир со татко му, кој за него ја замислил професијата државен чиновник.

Wiener Library Collections

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот