Птичји грип се шири во Франција, заразени 150 живинарски фарми

Птичји грип /Фото: Профимедиа

Во Франција се шири птичји грип од кој се заразени 151 живинарска фарма, соопштија тамошните власти, додавајќи дека најпогоден е југозападниот дел на земјата.

За само 24 часа заразени се 21 фарма, соопшти француското Министерство за земјоделство.

„Вирусот е активен и циркулира. Југозападниот дел на земјата е најтешко погоден поради концентрацијата на живинарството”, се вели во соопштението и се додава дека се откриени 21 случај на зараза кај дивите птици.

Франција има околу 20.000 живинарски фарми за месо, јајца или за производство на паштета од црн дроб од патка или гуска, што е специјалитет во земјата.

Птичјиот грип првпат беше идентификуван оваа зима на 26 ноември на северот на Франција, а оттогаш се прошири и на другите фарми на север и стигна до југозапад, каде што сега се концентрирани повеќето случаи на зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот