Птичји грип на фарма во Англија, ќе се усмртат 13 илјади птици

Птичји грип /Фото: Профимедиа

Британската влада соопшти денес дека птичји грип е потврден на фарма со пилиња во покраината Чешир во Англија.

Наведуваат дека ризикот од вирусот за јавната безбедност е „многу низок“.

„Сите 13.000 птици на фармата, која произведува јајца, ќе бидат хумано усмртени за да се ограничи ширењето на болеста“, се наведува во соопштението од владата.

„Правилно готвените животински поризводи, вклучувајќи ги и јајцата се безбедни за јадење“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Се прецизира дека птичјиот грип е од типот „H5N8“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот