ПСЖ тргна по потписот со Маркус Рашфорд

Маркус Рашфорд може летово да си замине од Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Францускиот шампион ПСЖ одлучи дополнително да го засили нападот и тргна по потписот со играчот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, пишува „Лекип“.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие и дефинитивно одлучи да го прецрта Мауро Икарди и конкуренцијата во нападот сака да ја зголеми токму со Рашфорд чиј договор со Манчестер јунајтед истекува идната година.

ПСЖ веќе започнал разговори со управата на Јунајтед и според „Лекип“, преговорите одат во вистинска насока и може да се очекува до крајот на преодниот рок Рашфорд да се пресели на „Паркот на принцевите“.

Според трансфермаркт, Рашфорд е проценет на 60 милиони евра, но сигурно е дека ПСЖ нема намера да понуди толку пари за фудбалер на кого договорот му истекува идната година.
Претходно, ПСЖ го донесе младиот Уго Екитике од Ремс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот