ПСЖ со првиот трофеј, а Нејмар едвај се радуваше! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

ПСЖ со првиот трофеј, а Нејмар едвај се радуваше! (ВИДЕО)

ПСЖ ја обезбеди првата титула трофеј во својата витрина откако го овои францускиот Суперкуп со победа од 2:1 над Рен во кинескиот град Шенжен.

„Светците“ славеа после пресврт откако Адриен Хабу го отвори резултатот во првиот дел. Во второто полувреме, Анхел ди Марија и Килијан Мбапе донесоа победа.

Ова е седми последователен Супер куп за парижаните и вкупно деветта, а и двете постигнувања се рекордни.

Нејмар ја пропушти средбата затоа што издржува казна. Исто така стана јасно дека Бразилецот сака да го напушти клубот.

Тој не беше особено задоволен од успехот на својот тим, па дури и при победничкиот гол не покажа емоции. Верати и Мбапе се обидоа при прославата малку да го расположат.

Новиот шампионат во Франција ќе започне со дуел помеѓу Монако и Лион на 9 август. Рен пак гостува на Монпелје еден ден подоцна, а ПСЖ започнува да ја брани титулата на 11 август со домашен натпревар против Нимс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close