ПСЖ со Меси е фудбалски „дрим-тим“, само клупата вреди 315 милиони евра

ПСЖ сонува титула во ЛШ со Меси/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Сега е веќе познато, Лионел Меси (34) во новата натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на францускиот гигант ПСЖ.

Со Барселона каде што го помина најголемиот дел од својата кариера ги имаше најголемите трофеи, а сега ќе се обиде да им помогне на париските „светци“ конечно да ја вкусат титулата во Лигата на шампионите.

После доаѓањето на аргентинската ѕвезда, Французите се свесни ќе треба да продаваат играчи. Пред финансиските власти тие ветија приход од 180 милиони евра за трансфери, досега само седум милиони евра вредеше заминувањето на Мичел Бакер во Баер Леверкузен, а само уште два милиони евра зедоа од позајмицата на Алфонсо Ареола во Вест Хем.

ВИДЕО: Официјално, Лионел Меси е нов фудбалер на ПСЖ

Меси е шесто засилување на ПСЖ во преодниот рок, по трансферот од 50 милиони фунти за бекот на Интер, Ашраф Хакими, како и слободните агенти Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Џорџино Вајналдум.

Меси според медиумските написи во Париз ќе заработува нето плата од 35 милиони евра по сезона вклучувајќи ги и бонусите. Фиксниот дел од платата 25 милиони евра, а да не ги сметаме и 30-те милиони евра само за потписот.

Донарума претходно се согласи за 12 милиони евра по сезона, колку и Серхио Рамос, а Вајналдум се задоволи со скромни 4.500.000 евра годишно. Не треба да се заборави дека ПСЖ потроши 60 милиони евра за Ашраф Хакими, и дека Мароканецот ќе заработува осум милиони евра фиксно, плус два милиони евра како бонуси.

Значи, само платите на летните засилувања „ќе изедат“ минимум 61.500.000 евра за една година. Доколку се активираат сите бонуси, цехот ќе се искачи на 73.500.000 евра.

593.400.000 милиони евра: Донарума, Курзава, Маркињос, Рамос, Хакими, Вајналдум, Верати, Ди Марија, Меси, Нејмар, Мбапе.

А клупата вреди 315.000.000 милиони евра: Мауро Икарди, Кејлор Навас, Серхио Рико, Абду Дијало, Јулијан Дракслер, Пабло Сарабија, Леандро Паредес, Идриса Геј, Тило Керер, Рафиња, Хуан Бернат, Данило Переира.

Јасно е дека многумина ќе мора да заминат, бидејќи таков тим ги уништува сите аспирации на УЕФА фудбалот да остане повеќе или помалку рамноправен. И не е чудно што во Шпанија, Барселона и Реал протестираат затоа што ПСЖ ја искористи пандемијата предизвикана од корона кризата за да најде дупки во правилата за финансискиот фер-плеј.

Иако, Реал и Барса би го направиле истото, само кога би можеле … Дојде време Париз да се радува.

Видео на денот