ПСЖ скоро еден месец без Нејмар

twitter.com/jovempansports

Бразилскиот фудбалер повредата ја доживеа играјќи за репрезентацијата, во ремито (1:1) со Нигерија во пријателски натпревар одигран во Сингапур.

– Нејмар беше на скенирања. Ќе има контрола за осум дена, но неговото враќање на теренот се очекува за четири несели во зависност од опоравувањето од повредата – стои во соопштението на ПСЖ.

Нејмар сигурно ќе ги пропушти мечевите со Ница, Олимпик Марсеј и Дижон во Лига 1, како и двата дуели со Бриж во Лигата на шампионите.

Париските „светци“ моментно се на чело во најсилниот француски шампионат после девет кола со 21 бод, два повеќе од Нант, а во ЛШ забележаа две победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот