ПСЖ шокира со сумата која ја бара за Нејмар

EPA-EFE/NEIL HALL

Сагата околу Нејмар и неговото заминување  од ПСЖ се чини дека ќе потрае уште некое време. Иако ПСЖ и Барселона започнаа разговори за евентуалниот трансфер на Бразилецот, до негова реализација нема да дојде во скоро време.

Причината за тоа се големите барања на ПСЖ, францускиот шампион го цени Нејмар на 300 милиони евра и нема намера да го продава за помала сума, додека челниците на Барселона сметаат дека вистинската вредност е не повеќе од 200 милиони евра.

Каталонскиот клуб му постави два услови на Нејмар за да ги продолжи разговорите со ПСЖ, првиот е да се откаже од тужбата вредна 26 милиони евра поради неисплатени бонуси додека играше за Барселона, а вториот е јавно да изјави дека заминувањето од Барселона беше грешка и сака да се врати назад.

Неофицијално, Нејмар се согласил на овие услови по што Барселона веќе достави и официјална понуда која беше одбиена од ПСЖ.
Шпанскиот тим понуди 100 милиони евра плус Филипе Кутињо, но ПСЖ бара повеќе.  Претседателот на Барселона е подготвен на последна понуда која ќе биде „земи или остави“, а тоа е Кутињо и Осман Дембеле во замена за Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот