ПСЖ прави нов супер-тим без Нејмар?

EPA-EFE/YOAN VALAT

Францускиот шампион ПСЖ планира да ја искористи паузата во фудбалска Европа поради пандемијата на коронавирусот и да започне во правење на нов супер-тим за иднина.

Според француските медиуми, ПСЖ планира на лето да потроши повеќе од 250 милиони евра плус парите што би ги добиле од продажбата на своите играчи, а пред се на првата ѕвезда Нејмар.

Главен приотитет на ПСЖ ќе биде освежување на одбраната каде лидер е ветеранот Тиаго Силва кој по завршување на сезоната си заминува.

Прва мета во летниот преоден рок ќе им биде Але

с Телеш од Порто за кого ПСЖ подготвува 25 милиони евра, но е подготвен да ја зголеми сумата бидејќи сериозен интерес за неговите услуги пројавува и Челси.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи како наследник на Тиаго Силва и нов лидер на одбраната го гледа Калиду Кулибали од Наполи чија цена би изнесувала околу 80 милиони евра.

Во нападот, нов соиграч на Килијан Мбапе треба да биде Маури Икарди кој сезоната настапува за ПСЖ како позајмен фудбалер. Аргентинецот во последно време изјавува дека нема намера да остане во Париз и сака да се врати во Италија. Но, во ПСЖ се надеваат дека ќе го премислат Икарди и неговата сопруга Ванда Нара која му е и менаџер, со плата од најмалку 10 милиони евра годишно.

На списокот на желби се наоѓа и дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер.

ПСЖ не се откажа од идејата да го продаде Нејмар, но свесни се дека нема да можат да добијат пари колку што се надеваат, посебно од Барселона која има финансиски проблеми и поради тоа како дел од трансферот нуди неколку фудбалери.

Цел на интерес на францускиот тим е Осман Дембеле кој заедно со 80 милиони евра треба да се пресели во Париз во замена за Нејмар.
ПСЖ исто така планира да го купи и младиот 17-годишен екстраталентиран фудбалер Едуардо Камавинга кој настапува за Рен, но за да дојде до неговите услуги ќе мора да се натпреварува со Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот