ПСЖ потврди: Нејмар ќе паузира два месеци

фото: EPA-EFE/Peter Powell

ПСЖ ја информираше јавноста дека Нејмар, еден од најдобрите играчи на екипата, од шест до осум недели ќе биде надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб на левата нога.

Во финишот на натпреварот, Бразилецот нагази на ногата на фудбалер на Сент Етјен и притоа го свитка зглобот на ногата по што падна на тревата со болна гримаса на лицето.

„Тестовите направени во неделата вечерта потврдија дека има оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Затоа Нејмар ќе биде надвор од терените шест до осум недели. За 72 часа ќе бидат направени нови тестови за прецизно да се утврди тежината на повредата – се наведува во соопштението на францускиот клуб.

Поради тоа, бразилскиот фудбалер би можел да се врати во тимот во средината на јануари или дури во февруари 2022 година.

Оваа сезона постигна три гола, исто толку асистенции, на 10 настапи во француската „Лига 1“ каде што моментно париските „светци“ се убедливо на првото место со 40 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Рен по 15 одиграни кола.

Во Лигата на шампионите на едно коло до крајот на групната фаза составот на Маурисио Почетино веќе си обезбеди место во нокаут-фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот