ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид ќе прави ремонт, дури 10 фудбалери си одат на лето

Ѕвездите на ПСЖ и сезонава не успеаја да го освојат трофејот во Лигата на шампионите/ .фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Дебаклот на „Сантијаго Бернабеу“ и елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе донесат големи промени во ПСЖ на лето, пишуваат француските медиуми.

Маурисио Покетино идната сезона сигурно нема да седи на клупата на ПСЖ, а медиумите пишуваат дека тој би можел да добие отказ уште сезонава.

Аргентинецот не успеа да излезе на крај со ѕвездите во тимот, а сезонава екипата воопшто не делуваше моќно, а исто така му се замерува и поради неспособноста да го извлече најдоброто од Лионел Меси преку погрешната селекција на тимот во текот на сезонава, па се до проблемите што ги има со играчите кои ги донесе спортскиот директор Леонардо и кои имаат привилегиран статус во клубот.

Но, Покетино нема намера да си замине мирно. Според аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло, Покетино нема намера да си поднесе оставка по елиминацијата и планира до крај да го одработи. Покетино заработува осум милиони евра годишно, а договорот му трае до летото 2023 година, што значи во случај на отказ, ПСЖ ќе мора да му исплати околу 10 милиони евра.

Француските медиуми како негов наследник на клупата го гледаат Зинедин Зидан, но во игра е и тренерот на Ривер Плата, Марсло Гаљардо.

ПСЖ најави голем ремонт на екипа во летниот преоден рок кога од „Паркот на принцевите“ би си заминале 10 фудбалери, а не е сигурен дури ни Лионел Меси.

Засега сигурно е дека на лето ќе си заминат Мауро Икарди, Андер Ерера, Анхел ди Марија, Леандо Паредес, Жоржињо Вајналдум, Колин Дагба, Лавин Курзава, Тило Керер, Јулијан Дракслер и Килијан Мбапе кој наводно ги договорил сите детали со Реал Мадрид.

Овие фудбалери би биле заменети со три или четири големи фудбалски ѕвезди,  директорот Леонардо и претседателот Ал-Келаифи ќе се обидат на „Паркот на принцевите“ да ги донесат Френк Кеси од Милан, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, Моизе Кин од Јувентус како и неколку талентирани француски фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот