ПСЖ нема да ја слави титулата: Нашите мисли се семејството на Серхио Рико

Фото: EPA-EFE/David Ramos / POOL

Фудбалерите на ПСЖ в сабота ќе стават печат на уште турбулентна сезона во која го освоија француското првенство, но не се прославија во Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција на која тренерот Галтие потврди и дека Лионел Меси заминува објави дека прослава на титулата во Париз нема да има. Причина што нема да има прослава е тешката повреда која ја доживеа голманот Серхио Рико.

Шпанскиот голман доживеа несреќа при пад од коњ и се уште веќе неколку дена е во животна опасност.

„Нема да има прослава. Зад нас е тешка недела, сите сме потресени. Целата енергија ја испраќаме до Серхио, неговата мајка, сопруга и најблиските“, изјави Галтие.

Противник на ПСЖ во последното коло ќе биде тимот на Клермон.

Вториот голман на ПСЖ се бори за живот, паднал од коњ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот