ПСЖ не заврши со трансферите сезонава, сака да го договори играчот на Милан во зимскиот преоден рок

Френк Кеси сака да остане, но не под условите кои му ги нуди Милан/ фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Францускиот ПСЖ во летниот преоден рок предизвика вистински фудбалски земјотрес со ангажирањето на Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума како слободни играчи, а за Ашраф Хакими плати обесштетување, сега е во контакт со Милан во врска со трансферот на Франк Кеси кому на крајот од сезонава му истекува договорот.

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска го носи дресот на Милан од 2017 година и во неколку наврати јавно изјавуваше дека сака да остане во таборот на „росонерите“ до крајот на кариерата, но не е подготвен да ја прифати платата која му ја нуди италијанскиот тим.

Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе го контактирал својот колега во Милан, Паоло Малдини и му предложил трансферот да биде реализиран во зимскиот преоден рок.

Така би профитирал и Милан бидејќи ќе добие одредена сума на пари за обесштетување бидејќи договорот на фудбалерот истекува на крајот од сезонава.

Преговорите на Кеси со Милан се во застој бидејќи фудбалерот бара осум милиони евра, сума која не му одгововара на италијанскиот тим кој нуди два милиони помалку. Од друга страна, ПСЖ е подготвен да му исполни желбата на Кеси и сака да потпише повеќегодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот