ПСЖ не се откажува, му нуди неверојатна плата на Нејмар за да остане во Париз

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Желбата на Нејмар е да се врати во Барселона, но доколку францускиот тим му понуди нов договор, тогаш Бразилецот ќе се најде пред тежок избор.

Барселона уште минатото лето се обиде да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ но нивните обиди беа неуспешни, а подготовките за новиот напад за потпис со Бразилецот ги запира пандемијата на коронавирусот.

Шпанскиот тим го означи Нејмар како главен приоритет за летниот преоден рок заедно со Лаутаро Мартинез од Интер, но ПСЖ нема намера така лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер.

Богатиот сопственик на ПСЖ, шеикот од Катар, е свесен дека Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на светот, а згора на тоа е еден од маркетиншки најатрактивните фудбалери на светот и е заштитно лице на наредното Светско првенство кое треба да се одигра токму во Катар.

Поради тоа, ПСЖ му понуди на Нејмар да потпише нов тригодишен договор со кој во Париз би останал до 2025 година за годишна плата од дури 38 милиони евра.

Моментната плата на Нејмар изнесува 35 милиони евра, но доколку се одлучи да се врати во Барселона тогаш ќе мора да се согласи на 25 милиони евра по сезона, што би значело загуба од 65 милиони евра доколку летово се пресели на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот