ПСЖ не ја прифати понудата на Ливерпул за Килијан Мбапе
Познатиот француски весник „Л’Екип“ донесе спектакуларни информации за можеби најголемата ѕвезда на светскиот фудбал, Килијан Мбапе.
Се зборува дека одличниот напаѓач пред две години буквално ги молеше првите луѓе на ПСЖ да го пуштат во Ливерпул, но дека неговите молби не биле слушнати.
Наместо тоа, Мбапе ја продолжи верноста со парижаните за уште две (со опција плус една) сезона и доби гаранции дека Бернардо Силва и Роберт Левандовски ќе му се приклучат на клубот.
Ниту еден од овие два трансфери не беше потврден, па францускиот напаѓач уште повеќе се разочара.
Посебно кога се дозна дека Ливерпул, со кој веќе имал сè договорено, му понудил на ПСЖ огромни 200 милиони евра.
Потсетување дека ова лето Мбапе се пресели во Реал Мадрид со важечки договор до 30 јуни 2029 година.