ПСЖ најде идеална замена за Мбапе

Реал Мадрид во летниот преоден рок понуди 180 милиони евра за Килијан Мбапе, но ПСЖ ја одби понудата/ фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Во ПСЖ се помирија со фактот дека Килијан Мбапе ќе си замине од клубот, а доколку тоа се случи ова лето, во францускиот тим веќе имаат подготвено замена.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ го означи како Мохамед Салах како идеална замена за Мбапе кој ги одби сите понуди од клубот за продолжување на договорот. Одличниот напаѓач сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а наводно добил ветување од претседателот на шпанскиот тим Флорентино Перез дека ќе направи се за трансферот да се случи ова лето.

EPA-EFE/PETER POWELL

Поради ова, ПСЖ подготвува понуда за Мохамед Салах за кого сметаат дека ќе биде идеална замена за Мбапе, а шансите да се случи овој трансфер се реални.
Имено, Салах е незадоволен од катастрофалната сезона на Ливерпул кој може да остане без пласман во Лигата на шампионите, а згора на тоа изјави дека никој од управата на „црвените“ не го контактирал за евентуално продолжување на договорот кој му истекува идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот