ПСЖ на шопинг во Мадрид

EPA-EFE/BALLESTEROS

Во прашање се отпишаните од страна на Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, потоа Тони Крос и Иско. „Кралевите“ го вреднуваат Велшанецот на 70, Германецот на 80, а Шпанецот на 60 милиони евра.

Тоа е секако повеќе од 200 милиони евра, но во пакет без бонус, „светците“ би платиле голема сума. Тоа што добива „кралскиот“ клуб покрај парите е и ослободување од огромните плати, споменатите тројца заработуваат повеќе од 30 милиони евра, и тоа значи големо растеретување на платниот список.

Растеретувањето на буџетот, според „Марка“ значи дека е извесен трансферот на три ѕвезди од Премиер лигата. Информациите велат дека трансферот на Еден Азар треба да се реализира на 29 мај, додека Пол Погба и Кристијан Ериксен веќе ги договорија личните услови со управата од „Сантјаго Бернабеу“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот