ПСЖ му даде дозвола на Нејмар, може да преговара со Барселона

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Сепак, за да се реализира трансферот шпанскиот тим мора да го собори сопствениот рекорд, а тие немаат толку пари.

Сагата околу Нејмар и неговото враќање во Барселона ќе биде актуелна и во летниот преоден рок откако Бразилецот доби дозвола од актуелниот тим ПСЖ да преговара со каталонците.

Барселона токму по заминувањето на Нејмар во 2017 година, речиси и да не може да погоди со трансферите, Фелипе Кутињо, Осман Дембеле кој беше доведен како замена за Нејмар, и Антоан Гризман се покажаа како големи промашувања иако секој од нив беше платен повеќе од 100 милиони евра.

Токму поради тоа, управата на Барселона сите сили ги насочи кон Нејмар и негово враќање на „Камп Ноу“, а според весникот „АС“, Бразилецот се договорил со актуелниот тим ПСЖ и доби дозвола да преговара за негово враќање во Шпанија.

Нејмар, односно неговиот татко ги договори сите детали од договорот со Барселона и останува да се реши најтешкиот дел за шпанскиот тим, да најде пари за трансферот.
ПСЖ ги извести и Барселона и Нејмар дека треба да се плати обесштетување од 170 милиони евра, што би претставувало рекорден трансфер за шпанскиот тим, а во моментов таа сума ја немаат.

Поради тоа Барселона се обидува да го вметне Антоан Гризман кој лани беше платен 120 милиони евра и да доплатат одредена сума на пари за да може Нејмар да се врати во „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот