ПСЖ ја намали цената за Нејмар

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот шампион е подготвен да го пушти Нејмар да замине во Барселона за сума од 130 до 150 милиони евра што е огромно намалување на барањата кои на почетокот од месецов изнесуваа неверојатни 300 милиони евра.

Според „Ле Паризиен“ во ПСЖ како дел од размената за Нејмар, сакаат да добијат двајца фудбалери по сопствен избор но Барселона нема да им го дозволи тоа и досега му понуди неколку опции на францускиот тим. Освен пари, каталонскиот клуб во една понуда го нуди Фелипе Кутињо, во друга Осман Дембеле, а во третата се пари и Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.

Претходно, ПСЖ за својот најдобар фудбалер бараше дури 300 милиони евра но откако Нејмар јавно побара да му биде овозможено да се врати во Барселона, мораа да ги намалат барањата.

Нејмар го носеше дресот на Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра се пресели токму во ПСЖ. Тој во изминатата сезона одигра само 28 натпревари на кои постигна 23 голови и имаше 13 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот