ПСЖ им фрли ракавица на Реал и Барселона, влезе во трката за Алаба
Актуелниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба дефинитивно ќе биде најбараниот дефанзивец во летниот преоден рок. Алаба неодамна и официјално потврди дека на крајот од сезоната си заминува од Баерн со што ги алармира најголемите фудбалски гиганти.
Шпанските медиуми, посебно тие што се блиски до Реал Мадрид како „Марка“ и „Ас“, објавија дека „кралскиот“ клуб веќе се договорил со Алаба, но се чини дека вистинска е сосема поинаква.
Во игра е и Барселона, посебно доколку Жоан Лапорта победи на претседателските избори се очекува да започне преговори со менаџерот на Алаба, Пини Захави со кого е добар пријател и имаат заедничка фирма.
Но, денеска во трката за Алаба влезе и ПСЖ кој веднаш стана инстант фаворит за потпис бидејќи може да му понуди најдобри услови, односно да му даде годишна плата поголема од 15 милиони евра.
Според „Билд“, ПСЖ е сериозен во намерата да го донесе Алаба на „Паркот на принцевите“ бидејќи тренерот Маурисио Покетино во него гледа идеално решение за нов лидер во одбраната.