ПСЖ го краде голманот на Милан

EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Милан е на добар пат да остане без својот голман, Џанлуиџи Донарума кој е и прв голман на италијанската репрезентација, пишува „Ла Република“.

Донарума се смета за еден од најперспективните голмани на светот, а ПСЖ во него ја гледа идеалната замена за Џанлуиџи Буфон кој на крајот од сезоната ќе ја напушти екипата. ПСЖ е подготвен да плати 50 до 60 милиони евра за Донарума.

Доколку Милан не успее да со пласира во Лигата на шампионите, управата ќе мора да продава дел од играчите, а за Донарума можат да извлечат највеќе пари.

„Росоњерите“ на две кола до крајот имаат 62 бодови и се наоѓаат на петтата позиција на табелата, со три бода помалку од Аталанта која е местото кое носи во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот