ПСЖ го искушува Де Хеа со двојно поголема плата

Шпанецот Давид де Хеа не ги живее најдобрите денови во Манчестер Јунајтед. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид допушти 51 гол досега во сезоната во Премиер лигата, а според „Дејли Стар”, ПСЖ го искушува со неверојатно поволен финансиски предлог.

Во моментов Де Хеа зема по 200.000 фунти неделна плата, а ПСЖ сакаат да го привлечат за прв избор под рамката со над два пати поголем надомест – по 450.000 фунти неделно.

Во моментов, стартер за ПСЖ е 41-годишниот Џанлуиџи Буфон, а од „Парк де Пренс” гледаат на Де Хеа решение на проблематичниот пост на долг рок.

И покрај многуте грешки во последно време, Шпанецот не престанува да добива поддршка од Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот. 28-годишниот Шпанец беше привлечен на „Олд Трафорд” во 2011 година, а до сега има вкупно 360 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и седум освоени трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот