Иднината на одличниот француски репрезентативец Килијан Мбапе во ПСЖ и понатаму е неизвесна.
Договорот на Мбапе со ПСЖ му истекува на лето 2022 година, и затоа оваа година е клучна за напаѓачот но и за „светците“. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, пред некој ден изјави дека се ближи моментот на одлука за Мбапе, но и дека се надева оти фудбалерот ќе потпише нов договор. Сепак, најголемата желба на Мбапе е да заигра за Реал Мадрид кој веќе најавува дека на лето ќе тргне во офанзива по неговиот потпис и поради тоа ПСЖ сака што порано да ја знае неговата одлука за да може да реагира на трансфер пазарот.
Според весникот „Марка“, челниците на ПСЖ му дале рок на Мбапе до 10. март да се изјасни дали ќе потпише нов договор или сака да биде ставен на трансфер листата.
Според неофицијални извори, Реал Мадрид е главен фаворит да го ангажира Мбапе, а ПСЖ ќе бара најмалку 160 милиони евра обесштетување.