ПСЖ е шампион на Франција, а натпреварите во ЛШ сака да ги игра во Катар

Францускиот спортски магазин „Лекип“ пишува дека фудбалската федерација на Франција (ФФФ) одлучи да стави крај на сезоната во Лига 1 и шампионската титула да ја додели на ПСЖ.

ПСЖ во моментот на прекинот на Лига 1 поради пандемијата на коронавирусот имаше 12 бода предност пред Олимпик Марсеј и натпревар повеќе.

За „светците“ ова е трета титула по ред и вкупно девета во клупската историја.

Според „Лекип“ се уште не е познато дали актуелната табела кога беше прекинато првенството ќе се користи и кога станува збор за пополнување на местата кои носат во европските купови.

Според актуелната табела, Олимпик Марсеј и Рен ќе играат во квалификациите за настап во Лигата на шампионите, додека во Лигата на Европа би настапите четвртопласираната екипа и победниците во Лига купот и францускиот Куп (се уште не е одиграно финалето и двете натпреварувања), Лил, Рем и Ница.

Прочитајте и...  Сити пукна „петарда“ и во Брајтон

Бидејќи француската влада забрани спортски натпревари до септември, а УЕФА го нема конечниот план за завршницата во ЛШ и ЛЕ, екипата на ПСЖ има интересна идеја.

Доколку четвртфиналните натпревари од ЛШ не се играат во ист град, тогаш ПСЖ ќе и предложи на УЕФА своите натпревари како домаќин да ги игра во Катар. Доколку биде одбиен нивниот предлог, тогаш францускиот тим како алтернативен стадион ќе го пријави стадионот во Брисел.

Прочитај повеќе

Пеналите го спасија Јувентус против неверојатната Аталанта

Слободен печат

Сити пукна „петарда“ и во Брајтон

Слободен печат

Поразот од Сасуоло ги зовре страстите: Тепачка во соблекувалната на Лацио

Слободен печат

Роналдо и Зидан повторно со ист клуб: Француски великан се подготвува за сензационален трансфер

Слободен печат

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Слободен печат

Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

Слободен печат

Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

Слободен печат

Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Слободен печат

Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

Слободен печат

Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Слободен печат