ПСЖ донесе одлука, Мбапе добива нешто невидено досега во фудбалот

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

Францускиот шампион ПСЖ донесе конечна одлука, во центарот на проектот за иднина ќе биде Килијан Мбапе. Ова значи дека Бразилецот Нејмар ќе добие зелено светло за идното лето да може да си замине од екипата.

Директорот на ПСЖ, Леонардо во тајност преговара со родителите на Мбапе, со неговиот вујко кој е тренер во Седан и идол на францускиот репрезентативец и со адвокатот Делфино Вербеједен кој е задолжен за финансиите на фудбалерот.

Според блиски пријатели на Мбапе, преговорите одат во посакуваната насока иако се појавија информации дека одличниот напаѓач ќе бара идното лето да си замине од екипата.

Клучот во преговорите за потпишување на нов договор е Мбапе да биде главен во новиот проект. Единствениот услов на Французинот е да биде прва ѕвезда на екипата, бидејќи во моментов тренерот Томас Тухел смета дека Нејмар е главниот играч во екипата.

ПСЖ веќе ги известил челниците на Барселона дека очекува во најскоро време повторно да започнат преговори за евентуален трансфер на Нејмар и сите пари би ги вложиле во плата за Мбапе.
Челниците на францускиот тим се надеваат дека ќе успеат да добијат околу 200 милиони евра по што ќе потпишат нов договор со Мбапе кого би го направиле најплатен фудбалер на светот. Одличниот напаѓач ќе добие годишна плата од 40 милиони евра со што би го престигнал Лионел Меси.

Единствен проблем за челниците на ПСЖ претставува Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез кој не се откажува од можноста да го ангажира Мбапе. Перез е подготвен да му понуди 40 милиони евра годишна плата, но засега нема намера да му плати на ПСЖ 300 милиони евра, доколку Французинот не потпише нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот